Happy donations, your generosity in power/ Насмеани донации, за вашата дарежливост да добие моќ

Saturday, October 9, 2010

Woalaaaaa




















































СОНЦЕ МОЕ

По патот со Љубов го трансформираме ова место, се трансформираме и ние, споделуваме преобразба на деновите во се поголемо уживање и исполнетост, танцуваме низ огнови на креативноста... Не е лесно да се опише што се се случува во заедницата, сето плови, минува низ бранови на смиреност, хармонија, креативност, работа, лудило, гушкање и љубов и добрина.
На 10ти Септември направивме една наша церемонија за да го означиме почетокот на заедницата, зготвивме веганска вечера, компот, споделивме благослови, ја раширивме љубовта наоколу и насекаде... Мали дечинња и стари селани се држеа рака за рака, сплотени на ливадата подготвена за промени, надоградуваат визија за обединет свет, доверба, безусловно споделување и љубов. Селаните од селото светееа од радост, пееја песни, играа, им се чувствуваше возбоденост од самата глетка на толку многу луѓе од целиот свет собрани во нивното полунапуштено село, кој би рекол дека еден ден ќе запознаат луѓе со искосени очи, црна кожа, црвена коса? Пеевме, се смеевме, игравме, имавме и мала изложба од нештата дотогаш направени, накити, украси, честитки, и си заспавме околу огнот во вид на сонце, за да не разбуди кревкиот дожд наутро, измиени...
Следните два дена беа посветени на македонската велесила АЈВАР, сите замешаа раце, со музика и низ смеа направивме повеќе од 100 тегли ајвар, лутеница, малиџано. За пиперките како и 30 дрвца за садење му благодариме на Ивица од Куманово кој ги донираше за успешен почеток. Деновите што следеа ги засадивме дрвцата, лешници, круши и јаболки, направивме џем од сливи, беревме ореви и јаболки, ставивме туршија, си го измисливме тушот на соларна енергија во градината, сега ја планираме следната сезона за да дејствуваме ефикасно по принципите на пермакултура, го планираме алтернативниот театар и куќичките од бали и дрво.

Нека се разнесува среќа насекаде и меѓу сите...


SONCE MOE

In the way of LOVE we are transforming this place, we are transforming each other making the life happier and joyous, dancing in the flames of creativity... Wow its not easy to explain the whole happening in the community, its floating, passing trough stages of calmness, creativity, craziness, huggings and loving kindness...
We had the opening ceremony on 10th September, we prepared a vegan meal and drinks, said blessings, spread our love trough... Young children and old villagers hand by hand, being in the place that we have as a field of changing, building a vision for a world of unity, trust, unconditional shearing and love. The villagers were so happy, they were singing songs, expressing the excitement to see their village full of so many young people from all over the world, they couldn't even imagine this could happen. After the ceremony we had 2 days making Ajvar mission, turned out very tasty, I will put the recipe soon. Our neighbor donate lots of plums so we made jam, wild apple vinegar, pickles, picked up nuts and apples for the winter too. We made our solar shower, that we cant use at the moment, planted 30 trees donated by a friend of our community, we are on the way to make a winter hot tub, and its going well with the process. We are thinking for many more things to be ready for the planting season and preparing the alternative theater project, that we all like.

Its getting cold, take very warm clothes and boots on your way here.

May all beings in all the worlds be happy

1 comment:

  1. We are one with the infinite sun,
    Forever and ever and ever
    We are in tune with our sister the moon,
    Forever and ever and ever

    Kuyate lenyo lenyo maoteyo
    Ayano ayano ayano
    Kuyate lenyo lenyo maoteyo
    Ayano ayano ayano

    When is the rainbow gathering in Macedonia next year?

    Lots of love from the 3 fairies who came in August...

    ReplyDelete